ДУИ: Убиството нема етнички мотиви

Демократската Унија за интеграција изрази сочувство до семејството на Ангел Петковски кој завчера беше убиен во скопската населба Ѓорче Петров.

- Домашната јавност е потресена од овој чин, од убиството на еден млад човек. Овој чин е за осудување ижелење и упатуваме сочуство до семејството, велат од ДУИ и додаваат дека го осудуваат вандалното однесување од понеделникот.

ДУИ упатуваат апел грашаните да останат смирени и воздржани, и заедно со институциите да придонесат кон враќањето на редот и безбедноста.

- Во вакви моменти е потребен придонес за да го сочуваме богатството наследено и негувано со децении, велат од ДУИ.

21.05.2014 - 16:54
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега