Голем напредок на Македонија во Кривичниот систем

Од 13 препораки, Македонија исполнила 10, а преостанатите три се делумно исполнети, стои во извештајот на ГРЕКО – тело на Советот на Европа за борба против корупцијата. За ова инфирмираше Марин Мрчела, првиот човек на Групата држави против корупцијата - тело основано од Советот на Европа.

-Тоа е за нас од ГРЕКО е повеќе од доволно да го затвориме тој евалуациски круг. Очигледно е дека Македонија направила голем напредок во тоа подрачје така треба и да продолжи и овие 2-3 препораки кои се делумно исполнети би требало уште малку  да се доработи на пракса бидејки законскиот дел постои а тоа е особено во делот на ревизорите нивните овластувања, истражувањата на незаконсконитостите во делот на финансирањето на политичките кампањи и казнувањето.Тие одредби се може да се рече малку комплицирани но јас сум сигурен дека макеоднија ке направи се што е неопходно – изјави Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО.

Во заклучоците од вчера објавениот извештај  за транспарентноста во финансирањето на партиите, стои дека е постигнат напредок во однос на информирањето на политичките партии за нивните финансиски обврски и транспарентноста на вклученоста на трети страни во предизборните кампањи.

- Финансирањето на политичките парии ем ногу важно затоа што партиите постојат за гражаните и на гражаните им требада биде транспарентно , да знаат што се случува бидејки граѓаните нив ги избрале и затоа политичарите мора да бидат спремни да го понесат и тој товар на транспарентноста па и да казнувањето ако се направи нешто незаконско , вели Мрчела.

21.05.2014 - 16:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега