ОБСЕ повика на смиреност: Жалиме што згасна млад живот

 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку соопштение изрази жалење за трагичната загуба на еден млад живот во Ѓорче Петров, по што следеа дводневни немири и повикува на смиреност и разум.

- Ги следиме случувањата со голема загриженост. Знаеме дека властите го испитуваат ова кривично дело, затоа сега е од исклучително значење да се препуштат работите на истражните и судските органи, се вели во изјавта на шефот на Мисијата, амбасадорот Ралф Брет.

Тој подвлекува дека е потребна солидарност со семејството на жртвата, а не насилни протести и уништување имот.

- Во минатото граѓаните на оваа земја покажаа способност да се зближат во тешки моменти. Ги повикуваме сите да се свртат кон овие вредности. Ниту една заедница не треба да носи колективна одговорност за делата на една индивидуа, порачува амбасадорот Брет во соопштението.

21.05.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега