Тодоров ги посети здравствените установи во Солун

 

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска престојува во работна посета на повеќе реномирани здравствени установи во Солун – Република Грција, меѓу кои и општите приватни болници Сент Лук и Еуромедика - Кијанос Ставрос.

Како што соопшти Министерството за здравство, целта на посетата е спроведување на Програмата за доедукација на македонски здравствени работници во Република Грција, разгледување на можностите за ангажирање грчки лекари во насока на воведување иновативни методи во здравствениот систем во Република Македонија, како и анализирање на опциите за евентуален ангажман на здравствени промотори.

Тодоров информираше за изградбата на Центарот за позитронска емисиона томографија (ПЕТ-центар) во Скопје, кој ќе биде пуштен во функција следната година, и со кој се овозможува најсовремена ефикасна дијагностика, како важен предуслов за успешна и пократкотрајна терапија на малигните заболувања за граѓаните од Република Македонија, како и за жителите од целиот балкански регион, вклучувајќи ја и Грција.

Во текот на денот, министерот Тодоров ќе ја посети и Државната болница „Ипократио” во Солун, која претставува една од најголемите здравствени установи во Грција и регионот.

21.05.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега