Го искасапил другарот поради девојка - крвава љубовна драма

16- годишното момче И. С од Ниш е приведенo под обвинение дека на 19. мај околу 22.10 часот со нож го усмртил својот  другар Ненад Јовановиќ(19), а додека пак лицата А.Ј (15), М.С (17) и М.С (21) се сомничат за учество на злосторството.

Четворицата напаѓачи се осомничени дека го нападнале и претепале Јовановиќ. Тој сакал да побегне, но осмничениот И.С го стигнал и четири пати го прободел со нож, а повредите за жал биле фатални. Момчето искрварило на патот до болницата. 

- Момчето И.С се забавувалo со една девојка, а по нивното раскинување девојката почнала да се забавува со Јовановиќ. Тоа И.С не можел да го поднесе и поради тоа во една тамошна дискотека имал жестока расправија со девојката. Подоцна тоа нетрпение продолижло и на социјалната мрежа Фејсбук, а во понеделникот навечер тоа кулминирало со убиство кога четворицата напаѓачи го пресретнале 19- годишното момче, раскажува извор за српски Ало.

 

 

21.05.2014 - 14:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега