Поплавите донесоа експлозии - еве што се случува во Босна

Денеска во подрачјето на босанскиот Дистрикт Брчко експлодирала мина, кој ја донеле поплавите. За среќа во овој инцидент никој не  е повреден.

Центарот за отстранување на мини во БиХ предупредил дека надојдeните реки ги поместиле минските полиња, поради што се можни експлозии.  Оттаму ги повикале граѓаните да ги обележат минските полиња со импровизирани ознаки, да не ги допираат и да ги известат надлежните органи за тоа.

Од мини најзагрозени се подрачјата кои беа најмогу зафатени од поплавите, односно  подрачјата на Добој, Маглај, и Олово и Унско-санскиот кантон, како и Тузланскиот кантон.

- Заедно со посебниот тим на белгиската воена академија, во текот на денот беспилотното летало ќе го сними подрачјето на Маглај и Добој за да го утврди поместувањето на минските полиња, како последица на поплавите и свлечиштата, соопшти Центарот за отстранување на мини.

21.05.2014 - 12:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа