Аца Лукас ги признал своите долгови
Српскиот пејач Аца Лукас беше сослушан во полиција, по обвинението кое против него го поднесе поранешниот менаџер Саша Мирковиќ, кој го обвининил за издавање на меница без покритие во износ од 250.000 евра.
- Нема да го коментирам овој процес додека мојот народ тоне. Кога се ќе заврши, ќе излезам пред медиумите со комплетна документација и докази, изјавил Лукас.
Како што пишуваат српските медиуми пејачот признал дека на Мирковиќ му должи пари.
-Признавам долг од 120.000 евра. Парите ги земав бидејќи ми требаа за стан. Но Мирковиќ тоа го искористи и ми даде да потпишам меница, изјавил пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа