ФОТО: Претседателот Иванов се сретна со Папата
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.
На средбата Иванов и Папата, јави известувачот на МИА, разменија мислења од областа на историјата и односите на Македонија и Ватикан. Во состав на делегацијата се министрите за надворешни работи и за образование и наука Никола Попоски и Спиро Ристовски, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан, митрополитот европски господин Пимен, епископот хераклејски господин Климент...
Папата и Претседателот имаа и пленарни разговори со државната и црковната делегација. Папата Франциск од македонската држава и од црковната делегација предводена од архиепископот Стефан доби подарок резба Свети Кирил и икона од Богородица.
Покрај средбата со поглаварот на Римокатоличката црква, претседателот Иванов и македонската делегација во Апостолската палата во Ватикан имаше средба со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин.
Заедничка оценка е дека во изминатите дваесет години е постигнато одлично ниво на заемно почитување и соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа