Земјоделци од Македонија на Саем во Измир и Нови Сад

 

Земјоделци од Македонија ќе имаат можност да ги посетат Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија, и Саемот за градинарски, поледелски и овошни култури на отворено во Торбали - Измир, Турција.

Посетите ги организира Федерација на фармери со цел, како што соопшти, да се разменат искуства и да се види практичната примена на новите технологии во аграрот.

- На ваков начин ќе се поттикне заедничкото планирање и донесување одлуки за усвојување и примена на напреднати земјоделски техники и технологија што ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите, изјави претседателот на ФФРМ Никола Стаменов.

На Саемот во Нови Сад ќе присуствуваат 100 земјоделци, а на Саемот во Торбали 20 земјоделци.

21.05.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега