Србите бараат да се затвори кафичот од кој беа исфрлени македонските спасувачи

 

Српските медиуми изразуваат згрозеност од постапката на едно кафуле во Белград кое не им дозволило на македонските спасувачи да седнат бидејќи биле валкани. Приказната за српски Телеграф ја раскажува гостинка на кафулето. 

“Дојдоа во Белград за да одморат после неколку денови напорна работа во Обреновац. Сакаа да седнат на терсата на кафулето пред да се вратат во еден од хостелите кои привремено се адаптирани во прифатилиште. Не можев да верувам кога видов дека на тимот прекрасни и пожртвувани момчиња со кои разменив неколку навистина пријатни реченици сопствениците на кафулето не им дозволија да седнат“ - вели една гостинка на истото кафуле за Телеграф.

 

21.05.2014 - 09:51
Фото: 
телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега