Поплавите земаа замав и во Хрватска- десетици илјади луѓе ги напуштија домовите

Поплавите земаа замав и во Хрватска. Во поплавените села Гуња, Рачиновац и Рајево Село уште 40-ина луѓе чекаат на евакуација.

Командантот на Хрватската копнена војска, геенрал Драгутин Репинц изјави дека подрачјето дополнително се утврдува со насипи, додавајќи дека војската синоќа изградила голем насип кон местото Јемен во Србија.

Според неофицијални информации досега од поплавените подрачја од Посавина десетици илијади луѓе ги напуштиле своите домови.

Од поплавените подрачја во Хрватска досега се евакирани 3.000 луѓе, приближно 8.000 животни, што е 85 проценти од животните планирани за евакуација.

20.05.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега