Пуштена во употреба мобилната апликација СЕИ Нет

Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на системот за електронски информации СЕИ Нет, со која треба да се забрза и поедностави пристапот до информациите што ги објавуваат котираните акционерски друштва за своето работење.

Корисниците на мобилната апликација на СЕИ Нет ќе имаат пристап до прегледот на последните објавени информации, кои што може да ги подесат по тип на објава (финансиски извештаи, собрание на акционери, други ценовно чуствителни информации) или по издавач.

Оваа апликација е достапна до корисниците на Андроид платформата и може да се преземе преку Гугл Плеј.

20.05.2014 - 13:19
Фото: 
правдико
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега