Изгоре куќа во Гостивар - сопственикот се здобил со тешки изгореници
Вчера околу 16 часот и 20 минути во населбата „Млаки“ во Гостивар настанал пожар во куќата во сопственост на 58-годишниот Ж.С. и неговиот брат Б.С.
Пожарот настанал во една од собите во која се наоѓал Ж.С. и за жал истиот се здобил со изгореници од прв степен на десната рака и главата. Тој бил веднаш пренесен во Клиничкиот центар во Гостивар и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.