Скопјанец направил сообраќајка па нападнал припадник на Алфите

Синоќа бесен скопјанец нападнал припадник на Алфите во Скопје.

Се работи за 25-годишниот Д.Ј. од Скопје кој синоќа во 1 часот и 30 минути нападнал припадник на Алфите. Припадникот на Алфите се обидел да го легитимира скопјанецот кој управувал со автомобил марка Мерцедес бидејќи направил сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот, но при тоа скопјанецот бесен излегол од автомобилот и физички го нападнал полицаецот.

Скопјанецот е приведен и против него ќе следува соодветна кривична пријава.

најчитано сега