Нема да ви се верува: Американка починала, се породила, па оживеала
Професорка во средно училиште во Тексас е вистински медицински феномен.
Се работи за Американката Ерика Нигери која додека влегувала во училницата каде требала да одржи час почувствувала силна несвестица, а обидите да се задржи на училишните клупи не и помогнале, по што таа паднала на подот. Веднаш била однесена во болница каде лекарите одлучиле да ја породат со царски рез во обид да го спасат барем бебето, бидејќи Ерика немала пулс и нејзиното срце не отчукувало.
Во моментот кога ја породиле лекарите нејзиното срце почнало повторно да отчукува.
Професорката имала срцева маана за која не ни знаела.