Си го прободел синот со нож додека лежел на болничка постела

Крвава семејна драма се одвивала во Швајцарија. Се работи за Србин кој работи и живее во Швајцарија, кој го нападнал својот 23-годишен син единец кој бил на болничка постела.

- Таткото дојде во посета и нормално си разговарале со синот. Малку потоа почнале да разговараат на повисок тон. Разговорот премина во караница. Таткото почна да мафта со рацете, а синот почна да пцуе. Во еден миг таткото извади нож од џебот и го повлече синот кон себе за пижамите . Момчето потстана и ја стисна тупаницата. Таткото се разбесни и со ножот и го прободе синот во грбот, па избега, пренесуваат српските медиуми.

Момчето било во критична состојба. Со интервенцијата на лекарите крварењето било запрено. Доколку не бил во моментот во болницата, веќе одамна ќе бил на другиот свет, велат лекарите.

Полицијата трага по таткото.

20.05.2014 - 10:25
Фото: 
Пулс24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега