Јоксимовиќ планира да биде кум на Водици

 

Жељко Јоксимовиќ планира својата кандидатура за кумството да ја достави до Здружението „Богојавление“, што е организатор на манифестацијата и веќе со години наназад спроведува активности за омасовување на големиот верско-народен собор по повод Богојавленските празници.

Охриѓани секоја година на спектакуларен начин го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Од година во година манифестацијата добива на масовност, привлекувајќи се поголем  број верници, како од градот, државата, така и во овој дел од православниот свет.

Јоксимовиќ беше дел од годинешното одбележување на празникот, со одржаниот концерт во салата „Билјанини извори“ во Охрид, како вовед во празничниот викенд што го наполни градот со десетици илјадници верници и туристи кои дојдоа тука да бидат дел од прославувањето на Водици.

20.05.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега