Лино Червар не сакал да го прими сребрениот медал?!

Тренерот на Металург Лино Червар по финалето против Вардар во Купот на Македонија не присуствувал на доделувањето на медалите и останал во соблекувалната.

Како што пишува порталот Спортмедиа, по завршувањето на натпреварот, за време на доделувањето на медалите се случил скандал кога Червар одбил да го прими сребрениот медал и останал во соблекувалната.

За „Спортмедиа“ од РФМ информирале дека во наредниот период детално ќе го разгледаат случајот и потоа ќе донесат одлука како ќе постапат.

20.05.2014 - 10:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега