Украинските безбедносни сили ги обновија нападите во Славјанск

 

Украинските безбедносни сили рано утрово повторно го нападнаа Славјанск во Доњецката област, во правец од ридот Карачун, изјави претставник на проруските сепаратисти во градот.

Според него, од градот се слушаат силни експлозии и „се тресат прозорците на куќите“.

Во артилериски напад синоќа делумно биле разурнати неколку куќи во местото Семјоновка, при што една жена била повредена.

20.05.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега