Внимавајте- се шири компјутерскиот вирус „Црни сенки“

Над половина милион компјутери во повеќе од 120 земји во светот се заразени од опасен вирус, кој им овозможува на хакерите да преземат контрола врз компјутерот и да ја нападнат неговата веб-камера, соопшти синоќа американското Федерално истражно биро (ФБИ). 

ФБИ спроведе истрага во врска со постапката пред Федералниот суд во Менхетен во Њујорк, во чии рамки се поднесени обвиненија против пет лица.

Властите во 16 држави во светот истакнаа дека уапсиле 97 лица под обвинение дека го употребиле или ширеле опасниот софтвер „Црни сенки“.

Според ФБИ, овој „инструмент за далечински пристап“ им бил продаден на неколку илјади корисници, а продажбите започнале „во 2010 година или уште порано“.

Во истрагата учествуваат и Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Канада, Чиле и Швајцарија. 

20.05.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега