"Возете велосипед" во центарот на Скопје

Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија денеска под мотото „Возете велосипед“ организираат промотивно возење со велосипед низ центарот на Скопје.

Манифестацијата ќе започне во 9 часот на плоштадот „Македонија".

Велосипедистите ќе возат по улица „Димитрие Чуповски", булевар „Свети Климент Охридски", десно по булевар „Партизански Одреди", десно по булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин", лево по улица „Никола Кљусев" (поранешна Максим Горки)  до плоштадот „Македонија".

Целта на оваа манифестација, на која ќе  присуствува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, е промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство од кое има голем број придобивки.

ФОТО: Кафепауза

најчитано сега