Стартува "Дојранско лето 2013"

Дојранското лето 2013 официјално почнува денеска со манифестацијата „Дојран гурман фест“.

- Настанот ќе се одржи во паркот во Нов Дојран и ќе биде фестивал на традиционална храна од дојранското поднебје, рече раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.

- Нема да изостанат ниту пекарските специјалитети, рече Митаноски и додаде дека манифестацијата ќе има и културно-забавен дел со изведба на мини хумористична тетарска претстава, со настап на КУД „Ѓорги Абаџиев“ и концерт на македонската поп ѕвезда АлександарТарабунов.

- Се надевам дека дојранските културни збиднувања ќе продолжат да не оставаат без здив. Општина Дојран традиционално и со голема гордост ќе ги организира ваквите настани бидејќи преку нив со години успешно гради мостови кон соседите, постојано и одново докажувајќи дека грижата за уметничките вредности и традицијата се од големо значење за општината, рече градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

ФОТО: Сител

најчитано сега