Хаска ги спасила туристите од Холандија кои се изгубија на Пелистер

Кучето Стела ги спаси двајцата Холанѓани, маж и жена на возраст од 35 години, кои вчера се загубија планинарејќи на Баба Планина-раскажуваат планинарите за Канал 5.

Додека се движеле на релација Кунина Стена – Болници, Холанѓаните биле зафатени од невреме, а маглата им го отежнала движењето поради намалената видливост. По мобилен телефон сепак успеале да се јават во битолската полиција по што во потрага тргна пет члена екипа на дирекција за заштита и спасување од Битола, а за случајот бил алармиран и домарот на планинарскиот дом.

,,Му јавија на домарот Петар Нолев на големо езеро и тој е член на дирекцијата за спасување. Тој го зеде неговото куче Стела од сортата хаска кое многупати само трча низ планината и наоѓа планинари. Во еден момент кучето ги намириса планинарите каде беа затскриени од невремето и ги однесе до Нолев по што заедно отидоа во домот,,-вели Петар Ставрев, планинар за Канал 5.

,Тие физички не се повредени, но се многу исцрпени заради што останаа на закрепнување во домот. На Пелистер луѓето се губат затоа што не ги почитуваат упатствата од националниот парк и одат без водич. А таму во еден се менуваат четири сезони како што беше вчера,,-вели Ставрев, пренесува Канал 5.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега