Во Обреновац досега 13 жртви

Премиерот на Србија  Александар Вучиќ изјави денеска дека во Обреновац досега се забележани 13 жртви, и изрази надеж дека бројот на жртви „нема да биде катаклизмичен“, наспроти размерите на катастрофата.

Вучиќ истакна дека не разбира и оти се срами од луѓе кои сешто измислуваат и сакаат се најлошо за својата земја, јави Танјуг.

Вучиќ истакна дека обдукцијата на телата ќе покаже дали и колку од тој број на жртви се удавени, а колку починале од други причини.

- Во Обреновац се пронајдени 13 жртви, единствено можам да кажам дека ми е срам од луѓе кои се занимаваат со измислици и и посакуваат лошо на својата држава, рече Вучиќ.

Тој прецизираше дека пристигнале 635 пријави, дека се извршило увид на 451 адреса, информациите се проверуваат и оти сите биле лажни.

19.05.2014 - 18:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега