Браво за храброста -мало девојче ја породи својата мајка
8- годишната Јасмин Мекенен од Флорида и помогнала на својата мајка да се породи. Девојката со помош на операторката од Итната помош храбро се избори со оваа несекојдневна ситуација.
- Бев мнофу уплашена, рекло девојчето кое на денот на раѓањето на својот брат прв пат го свртела бројот од Итната помош.
Додека лекарите биле на пат до нивната куќа. јасмин и нејзината мајка слушале совети од операторката од Итната помош.
- Дали си ти само покрај твојата мајка во овој момент? Ќе ти помогнеме остани на линија, рекла операторката.
Во тој момент макта на Јасмин, Кристи извикала:
- О Боже, о мој Боже, излезе главата на бебето.
Операторката и порачала:
- Кажи и на твојата ќерка да го подржи бебето за главата и рамената. И девојката токму тоа го направила.
Родено е здраво машко бебе кое заедно со мајката се пренеесени во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа