Македонски ученици најдобри на меѓународен натпревар во Истанбул

 

Гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“, го доби највисокото признание на натпреварот за истражувачки проекти од областа на природни науки, кој се одржа во организација на турската образовна институција МЕФ од Истанбул.

Победници на интернационалниот натпревар по биологија се ученичките Лилјана Матх и Цветанка Нечевска кои под менторство на професорката Ани Костадинова, ги бранеа истражувањата од проектот „Заштитен ефект на витамин Е во комбинација со витамин Ц при оштетувања на црниот дроб“.

Во интернационалниот дел на натпреварот во Истанбул настапија 162 учесници од 22 земји од Европа, Азија и Америка. 

19.05.2014 - 13:17
Фото: 
Нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега