Гостиварчанецот кој беше прободен со нож е во стабилна состојба

Тешко повредениот  30-годишен маж од село Битуше, гостиварско кој синоќа беше прободен со нож пред библиотеката  „Св.Климент Охридски“ во Скопје, по што побегнал и во безсознание паднал кај Музејот на македонската борба, а потоа бил пренесен во  Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, е во стабилна состојба и се наоѓа на Одделот за интензивно лекување.

Ова денеска за МИА го изјави директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска која рече дека повредениот синоќа бил во животно загрозувачка состојба и итно бил опериран.

 

- Со искрварување со повреда на крвни садови во градниот кош повредениот итно е однесен во хирушка сала, интервенирано е. Моментално е во стабилна состојба на Одделот за интензивно лекување, додаде Чабуковска.

ФОТО: Пулс 24

 

најчитано сега