„Соседите ми се удавија пред очи" - уште една потресна приказна од Србија

Уште една потресна приказна која ја донесоа поплавите во Србија. Српски Курир ја пренесува тажната судбина на 21-годишната Маријана Илиќ од Обреновац, на која куќата буквално и се срушила пред очи.

- Покривот му се сруши врз глава. Нашата куќа е на еден кат и најмногу што можевме да направиме е да се качиме на покривот. Бевме осуммина и едвај не спасија. Тука сум од петок и незнам каде се мојот татко и мојот брат, се надевам дека и тие некаде се евакуирани, вели девојката.

Таа додава деја морници и поминуваат низ телото кога ќе се сети како нивните соседи пред нејзини очи не успеале да се спасат и се удавиле.

19.05.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега