Змијанац: Не само регистар туку и хемиска кастрација за педофилите

Не само јавен регистар туку и хемиска кастрација за педофилите бара првиот човек на Првата детска амбасада Меѓаши, Драги Змијанац во интервју за информативниот портал Maxim.mk.

"За поголема превенција, педофилите треба да бидат објавени во регистарот, но веднаш по отслужувањето на казната и да се води сметка за заштита на детето жртва а не на интегритетот и приватноста на педофилот. Но, како што може да забалежите и покрај постоење на јавен регистар децата и понатаму се жртви на сексулана злопотреба и родосвернавење. Само за една недела имавме ноколку случаи на педофилија во Македонија, како што беа случите во Кочани, Штип, Неготино и Карпош. Затоа, Првата детска амбасада во светот Меѓаши се залага за хемиска кастрација како превентина мерка за заштита на децата од педофилите. Сметам дека педофилот што ја отслужил казната треба да биде ставен под засилен надзор од полицијата, со носење електронска алка за следење на неговото движење, како и со задолжително воведување хемиска кастрација, која дејствува на сексуалниот нагон и на либидото, бидејќи во најголем број случаи кога педофилите се на слобода го повторуваат делото. Доколку педофилот го повтори делото, тогаш се залагаме за доживотна казна затвор или негово сместување во затвор-болница, со целосна негова изолација,Европските законодавста, а и судиите во државите на Европската унија, немаат милост за педофилите. Се досудуваат најстроги казни, а доминира казна доживотен затвор. Америка се залага за повеќедеценски казни за педофилите. Во Данска, Чешка Полска , Молдавија, Русија , Јужна Кореја, Велика Британија ......се врши хемиска кастрација над педофилите повратници, во Франција постои опција затвор-болница, а во Канада се практикува по отслужување казна затвор до 20 години, поранешните осуденици да бидат подложени на мерка социјално-судско следење.Ние проговоривме гласно уште во 2008 година дека се залагаме за доживотна казна затвор од едноставна причина што немаме уверување дека додека ја одлежуваат казната затвор педофилите имаат сигурен третман. За жал неколку случаи се повторија што ја потврдија нашата забелешка дека рецидивизмот е главна карактеристика на педофилите и дека за нив нема сигурен третман за ресоцијализација. Тоа значи или целосна изолација - затвор, болница, или доживотен затвор. Го покачивме прагот на нетолерантност кон педофилите и судиите можат да досудат доживотна казна затвор според член 188 што досега не е сторено. Максимални казни затвор за педофилите досега се досудени неколку казни од максимум 15 годиини. ", вели Змијанац во интервјуто за Maxim.mk.