Поплавите ја земаа првата жртва во Хрватска

Невремето ја зема и првата жртва во Хрватска. Ранко Остојиќ, хрватскиот министер за внатрешни работи денеска потврди дека е пронајдена првата жртва во поплавите што ја зафатија земјата.

Тој наведе дека жртвата е маж, но не го откри неговиот идентитет.

Уште две лица се водат како исчезнати, по кои продолжува потрагата.

Како што објавија хрватските медиуми објавија дека најдраматично е во источниот дел од земјата и на подрачјето на Хрватска Костојница и Двор. Во Славонски Брод нивото на река Сава полека се намалува.

18.05.2014 - 15:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега