Сега е потребен превоз за донациите - еве што велат најновите информации од терен

Граѓаните на Македонија масовно учествуваат во акцијата за обезбедување помош за настраданите граѓани на Србија и Босна и Херцеговина. 

Според најновите информации до кои стигнавме, хуманитарната акција за донирање која се одржува на скопскиот плоштад „Македонија“, ќе трае до 17 часот. Како што дознаваме од организаторите, освен донации, најпотребно во моментов е да се организира превоз.

Организаторите велат дека се потребни комбиња, камиони и автомобили за донацијата да се пренесе до местото од каде директно ќе биде испратена во Србија и Босна и Херцеговина.

 

 

18.05.2014 - 13:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега