Каде ќе му оди душата- ги спасил од поплавите па ги ограбил

Уапсен е Саша Б.од Смедеревска Паланка под сомнение дека во тек на евакуацијата на жителите од најзагрозениот дел извршил кривично дело тешка кражба.

 

Тој е уапсен под сомнение дека украл портмоне со 3000 евра и 10 000 динари , кога во петокот вечерта околу 20 часот со чамец дошол со куќата на своите соседи и ги излажал дека е пратен од нивната керќа и зет за да ги префрли на безбедно место.

Соседите му поверувале и ги спакувале најнеопходните работи. Откако ги пренел на сигурно Саша се вратил во куќата влегол од балкон и ги украл парите.

 

 

Полициските службеници во него пронашле 1500 евра 7 200 динари , а тој го признал делото.

18.05.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега