Вистински шок за професорите во „Кирил Пејчиновиќ“

Засега непознат сторител го ограбил средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Според податоците од МВР, кражбата се случила на 16 и 17 мај, oд 18:10 до 13:45 часот. Натрапникот ги украл дневниците од 4/14, 4/15, 4/16, 4/1 б и 4/20 и на ѕидовите од ходниците на приземјето и катот со креда испишал графити со вулгарна содржина.

Сторителот успеал да влезе во училиштето, откако провалил во канцеларијата на техничкиот персонал. Оттаму ги зел клучевите, го отворил прозорот од заштитната метална решеткаста врата од канцеларијата на професорите, влегол внатре, ги одзел дневниците и го напуштил училиштето.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите.   

 

18.05.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега