Македонија го одбележува Меѓународниот ден на мајката

Националниот совет за родова рамноправност денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајката, посветен на поврзаноста меѓу мајките и децата.

Праксата на овој ден е децата да ги израдуваат и изненадат своите мајки со скромни подароци, споделување на домашните обврски и заедничко дружење како израз на почит и меѓусебна доверба.

Денот на мајката ќе се одбележи во трговскиот центар Капитол мол во скопски Аеродром. Националниот совет за родова рамноправност објави и конкурс за ликовни и литературни дела на тема „Најдобрата мајка“ и упати повик до дечињата од градинките и учениците од основните училишта да се се пријават на конкурсот.

 

18.05.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега