50.000 вреќи за песок и 1 шлепер вода од Град Скопје тргнуваат за Србија

По повод големите поплави кои го зафатија регионот и пред се Република Србија, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски деновиве е во постојан контакт со градоначалникот на Град Белград, Синиша Мали.

Градоначалникот Трајановски понудил помош за граѓаните на Белград за полесно справување со последиците од поплавите, а од нивна страна е побарана иницијална помош во вид на вреќи за песок и флаширана вода.

Попладнево од Град Скопје е упатена иницијална помош во вид на 50.000 вреќи за песок и еден шлепер со флаширана вода. Понатаму Градот Скопје ќе испрати помош во зависност од потребите, а во план е да се испратат вреќи за спиење, основен хигиенски и санитетски материјал и друго.

 

 

17.05.2014 - 17:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега