ФОТО: Група кумановчани пристигнаа во Србија за помош на настраданите

 

Група кумановчани пристигнаа во Србија за да понудат помош на настраданите во поплавите кои ја зафатија земјата. Групата се собра преку социјалната мрежа Фејсбук, преку групата „Помош за настраданите во Србија“.

Според последните информации кои се објавени на Фејсбук, групата е пристигната во Србија и се подготвени за пружање помош за поттиснување на поплавите во Шабац. Нема конкретни информации за колкава група на луѓе се работи, но,  според коментарите, станува збор за околу 150 кумановчани.

 

Во организавија на ДПСМ, група членови и хумани кумановчани се пристигнати во Белград и се распоредени за давање помош за спречување на поплавите во Шабац, каде се наоѓаат и претседателот на ДПСМ, ИВан Стоиљковиќ и актуелниот советник во Општина Куманово, Саша Николиќ.

17.05.2014 - 12:14
Фото: 
кумановскимуабети.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега