И девојките може да бидат опасни - ги знаете ли овие измамнички кои ограбија бутик среде бел ден?

Вчера среде бел ден, итри девојки ја ограбиле сопственичката на бутикот „Лејди баг“ лоциран во прилепската стара чаршија.

Според информациите на порталот revolucioner.mk, измамничките украле денари во противредност од околу 1.700 евра, кои сопственичката на бутикот ги понела од дома, со цел да ги конвертира во евра и да замине во странство да набави роба.

Безбедносните камери во бутикот ги снимиле девојките кои извеле класична измама - едната и го одвлекла вниманието на продавачката, а другата и го зела паричникот.

-Во продолжение погледнете ја снимката и доколку можете да ги распознаете девојките кои што го однеле паричникот јавете се на 078 308 443 – Билјана, или пријавете во полициска станица во Прилеп, пишува revolucioner.mk.

Видеото погледнете го на овој линк.

17.05.2014 - 11:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега