Се излеа Ратевска река - поплави во македонско Владимирово

Десетина хектари ниви и ливади се поплавени, откако се излеа Ратевска река кај месноста Фарија, во атарот на село Владимирово. 

Поплавата оштети ниви и ливади на 13 земјоделци, кои поднеле барање до Советот на општина Берово за чистење на коритото на реката. Ова барање на земјоделците било усвоено и ставено во програмата.

Од Дирекцијата за  заштита и спасување велат дека оваа операција не е извршена поради доцнење на доставата на нафта од стоковните резерви.

Земјоделците од Владимирово чии површини се поплавени, најавија оштетно побарување, за кое Советот на општина Берово ќе расправа на наредната седница, што е закажана кон крајот на месецов.

- Поради обилните дождови не бевме во можност да ја извршиме пролетната сеидба, а со излевањето на реката ќе останеме и без сено од ливадите, па затоа очекуваме помош од надлежните институции, изјави Кире Свинарски, земјоделец од Владимирово.

17.05.2014 - 10:25
Фото: 
Локално
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега