Со водени топови, солзавец и гумени куршуми разбиена толпата во Сома
Турската полиција употреби солзавец и гумени куршуми против околу 10.000 лица кои демонстрираа во Сома, градот во кој се случи рударската несреќа, во кои загинаа над 300 рудари.
Насобраниот народ извикуваше пароли „Влада - оставка“ и „Сома не спиј, не ги заборавај рударите“.
Тие ги одбија барањата на полицијата да се разотидат и на тоа одговорија со фрлање на камења кон полицајците, кои возвратија со солзавец, водени топови и гумени куршуми.
Најмалку пет лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во судирите.
Рударската несреќа предизвика незадоволство против исламско-конзервативната Влада на премиеропт Реџеп Тајип Ердоган, која е обвинета за небрежност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа