Русија никогаш нема да влезе во НАТО - се скрши ли довербата меѓу двете воени сили!
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска во Букурешт изјави дека по руската анексија на Крим, земјите-членки на Алијансата повеќе не можат да имаат доверба во ветувањата на Москва за почитување на територијалниот интегритет на државите од регионот.
- По она што го видовме во Украина, никој повеќе не може да има доверба во гаранциите на Москва во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на други земји, истакна Расмусен.
Тој рече дека го има предвид уверувањата на Русија дека ќе го почитува територијалниот интегритет на Молдавија, под услов оваа поранешна советска република, која се наоѓа меѓу Романија и Украина, да ја зачува неутралноста и да обезбеди специјален статус за сепаратистичкиот проруски реон Придњестровје.
Молдавија треба на 27 јуни да потпише договор за асоцијација со ЕУ. Овој чекор предизвика гнев кај Москва и во Придњестровје, регион во кој мнозинството од жителите се Руси.
Расмусен потсети дека Русија во 1994 година го гарантирала и територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, но дека сепак неодамна извршила „насилно и незаконско присвојување на Крим“.
- Секоја земја има право да донесе одлука за присоединување кон одреден сојуз, нагласи Расмусен, повикувајќи ја Русија „да ги почитува меѓународните обврски без да се обидува да ја дестабилизира состојбата било во Молдавија или во Украина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа