24 Вести и Телма ја манипулираат јавноста? - Филозофскиот факултет ги демантира изјавите!

 

Наставниот кадар од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје сака да објави ДЕМАНТ на вестите на медиумите (24 вести и Телма) кои ги извадија од контекст изјавите на поединци вработени на Институтот за социологија од истоимениот факултет, како и на некои од учесниците на научната конференција со наслов „Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија“, одржана на Филозофскиот факултет на 15.05.2014. 
Истовремено, сакаме да истакнеме дека изјавите што беа дадени во медиумите, се изјави на поединци и претставуваат нивни лични ставови, а не се официјални ставови на Филозофскиот факултет.
Филозофскиот факултет во Скопје како најстарата високообразовна институција во земјата опфаќа поголеми дел од општествените и хуманистичките науки и продуцира кадри за воспитание и образование во сите потсистеми на државата.
Имено, Институтот за педагогија ги поддржува реформите на ресорното министерство, што се докажува со големиот број професори веќе ангажирани на постојните проекти, како: Националната стратегија за развој на образованието, креирање на психолошки тестови за наставници, Концепција за деветгодишно воспитание и образование, Стандарди за рано учење и развој, Стратегија за стручно образование и обука, итн.
Наставно-научниот кадар од Филозофски факултет во Скопје е ставен на располагање на Министерството за образование за сите тековни активности, со единствена цел за подобрување на квалитетот на образованието во РМ.
 
Декан на Филозофски факултет-Скопје
Проф. д-р Горан Ајдински

16.05.2014 - 17:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега