ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ се вршеше притисок врз судството

 

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, на која Петре Шилегов изјави дека партијата покренала тужба.

 -СДСМ денес ова го бара од Управниот суд бидејќи кога тие биле власт им диктирале на судовите и вршеле притисок врз судството. Во минатото, Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија, кога ќе донел второстепена одлука како на пример во случајот со Семос, тогаш тоа било закон за судовите. На тој начин СДСМ функционирал и го контролирал судството кога тие беа на власт.

Но им порачуваме на луѓето од врвот на СДСМ дека тие времиња оддамна поминаа.

 

Денес судската власт во Република Македонија е целосно самостојна и независна.

16.05.2014 - 16:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега