СДСМ ќе поднесе тужба до Управниот суд против Собранието

 

СДСМ денеска најави дека ќе поднесе тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија за, како што истакна, насилното верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата.

- Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати. Од Управниот суд бараме поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на Собранието за верификација на мандатите, рече портпаролот Петре Шилегов на прес-конференција.

Според СДСМ, Собранието го повредило уставното право на избор на кандидатите за пратеници од опозицијата, а со верификацијата на мандатите свесно ја загрозиле егзистенцијата на тие луѓе.

- Поради сето ова, бараме од Управниот суд времена мерка за одложување на правните последици од насилната верификација на мандатите од страна на Собранието на РМ, рече Шилегов.

16.05.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега