Скопјани, проверете дали во понеделник ќе бидете без струја

Дел од корисниците од улиците „Кукушка“, „Димитрије Туцовиќ“, „Благој Страчков“, „Крсто Бајиќ“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Аминта Трети“ во општина Центар, в понеделник од 8 до 10 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Кондово, општина Сарај, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Бернард Расел“ во општина Ѓорче Петров.

Корисниците од селото Паничари, општина Сарај, без струја ќе бидат од 9.30 до 14:30 часот, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од улицата „Дамаска“, општина Карпош.

Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од  улиците „70“ и „72“ во населбата Волково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД. 

16.05.2014 - 15:36
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега