Крвава љубовна драма: Старица нападнала жена со чекан за месо

Крвава љубовна драма во Ниш. Постара жена со чекан за месо нападнала друга жена, поради љубомора. Се работи за 76-годишната Љубинка Г. која била нападната која со кујнски чекан за месо ја нападнала 61-годишната Љубинка Ј. сомневајќи се дека е во врска со нејзиниот сопруг.

- Ја отклучував вратата на влезот на зградата и почувствував три удари во главата. Позади мене стоеше непозната жена, која ме удри со тапиот дел од чеканот за месо. Крвта течеше по мене, изјавила нападнатата жена.

Старицата по приведувањето во полицијата изјавила дека се посомневала дека жена од соседната зграда е во љубовна врска со нејзиниот сопруг, но откако почнала да ја удира, забележала дека не е жената во која се сомнева.

16.05.2014 - 11:54
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега