Нема да ви се верува за колку пари е продаден овој дијамант
Жолт дијамант од сто карати е продаден за рекордни 14,5 милиони швајцарски франци (16 милиони долари) на приватен купувач, соошти денеска аукциската куќа „Сотебис“
Директорот на швајцарската филијала на „Сотебис“, Дејвид Бенет истакна дека дијамантот постигнал рекордна цена во класата на жолтите скапоцени камења.
Меѓу другите понудени скапоцени камења беше и бел дијамант од 103,46 карати кој е продаден за 4,3 милиони франци
16.05.2014 - 11:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа