Истекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај 2014 година. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопнство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.  

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи,  врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор

МИА

16.05.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега