Викендов ако возите низ Скопје прочитајте го ова

Поради изведување градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, викендов ќе има времен сообраќаен режим на дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“.

Времениот режим, како што информираат од Град Скопје,  ќе биде во период од 7:00 до 17:00 часот во сабота и во недела.

Сообраќајот на оваа делница од булеварот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

16.05.2014 - 10:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега