Убиен водачот на Делиите во Белград

Водачот на навивачите на Црвена Ѕвезда, поточно на подгрупата „Хиени“ Велибор Дуњиќ вчера вечерта е убиен на кејот на Дунав, пишуваат српските медими. Според информациите објавени таму, во него било пукано од се уште непознат напаѓач додека тој седел во својот автомобил на еден паркинг крај кејот. ВО нападот е повреден и неговиот другар Мина Шобот (27) како и една девојка чиј идентитет не е познат.
Инаку убиениот Дуниќ и е добро познат на полицијата, а против него се поднесени над 40 кривични пријави, главно за насилство и трговија со дрога. 

16.05.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега