Се распаѓа планот на Заев - неколку пратеници на СДСМ се враќаат во Собранието?

 

Неколку пратеници на СДСМ најверојатно ќе седнат во собраниските клупи на наредната седница која спикерот Трајко Вељаноски најави дека ќе ја закаже наредната недела. Според извори на Press24 од СДСМ, членовите на Извршниот одбор на СДСМ денеска го информирале Заев дека нема да можат да гарантираат за најмалку 4 пратеници од оние 34 кои веќе ги добија мандатите, а проблеми за СДСМ најверојатно ќе се јават и со кандидатите кои се наоѓаат подолу на листите. Проблемот кој настанал со губењето на работните места натерал неколку пратеници да се спротивстават на одлуката на Заев и во законодавниот дом да делуваат како независна пратеничка група. Речи си извесно е дека либерал-демократката Роза Топузовска Каревска влегува во Собранието.
Според неофицијалните информации, денеска социјалдемократите увиделе дека не можат да ги натераат сите пратеници да си поднесат оставки, бидејќи според нашите извори, на сите им било кажано, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти под меѓународен притисок и за кратко време тие ќе се вратат во Собранието. Тие замерувале дека наместо кон ВМРО-ДПМНЕ, меѓународниот фактор притисокот го насочува кон СДСМ и побарале од Заев, доколку сака да се откажат од пратеничките мандати и тој да се откаже од градоначлничката функција и заедно со себе да ги повлече и останатите тројца градоначлници на СДСМ, во Куманово, Центар и Ранковце. Оттука, во СДСМ станало јасно дека оставки до Собранието не може да бидат поднесени, бидејќи тоа ќе направи голем раздор и повеќе од половина пратеници како независни ќе си седнат во пратеничките клупи. Во таква ситуација опозицијата решила да продолжи по старо, односно да се обиде да купи време со тужба пред Управниот суд за која однапред знае дека ќе ја загуби, бидејќи Собранието во верификацијата на постапките немало избори и морало да го спроведе она што го наложила Државната изборна комисија која ја води кадар на СДСМ. 

Токму затоа, социјалдемократите до овој момент се уште не испратија официјално соопштение за одржаниот Извршен одбор на партијата, пракса која ја практикуваа на секоја претходна седница. 

15.05.2014 - 22:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега